Friday, May 24, 2013

ШОК: Хурем го напушти снимањето на „Сулејман Величествениот“!


Мерјем Узерли, турската актерка која ја толкува улогата на Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот“ го прекина снимањето поради психички проблеми и се врати во Германија. Засега е неизвесно дали таа ќе се врати и ќе продолжи со снимањето на хит серијата, јавуваат турските медиуми.
Популарната Хурем по снимањето на 100 – та епизода била итно пренесена во болница откако претходно им се пожалила на продуцентите дека не се чувствува добро. Атрактивната Мерјем на докторите им кажала дека се чувствува депресивно по што тие ја посоветувале што повеќе да се одмара. Таа буквално ги послушала нивните совети и веднаш по напуштањето на болницата заедно со нејзиното момче Кан Атеш заминала за Бодрум, а потоа двајцата отпатувале во Берлин каде таа е родена.






„Лошо  ми е не можам повеќе“ им кажала Мерјем на турските медиуми.„Не можам да издржам тука се враќам во Берлин“.
Мерјем веднаш по пристигнувањето во Германија заминала во една клиника на рехабилитација каде и била констатирана дијагноза „екстремен замор и ментална исцрпеност“.
Кога и дали воопшто црвенокосата актерка ќе се врати на снимањето на „Сулејман Величествениот“ сеуште не се знае, но публиката во Турција поради овој непрланиран настан некое време нема да може да ја гледа хит серијата. 





Posted by :

No comments:

Post a Comment