Wednesday, May 22, 2013

Ајча Бингол:Џемиле навистина ме измори!


Она што сите го знаат е дека заврши снимањето на третата и последна сезона од Бурни Времиња, а после снимањето на последната сцена, актерката екипа беше соберена и заедно беа поминати добри часови забава со најдобро расположение.
Отворено за серијата зборува Ајча Бингол, главната хероина во серијата, позната по ликот на храбрата Џемиле.
„Ликот на Џемиле навистина ме измори. Тоа е жена полна со живот на која животот и ги задава најголемите болки, но сепак таа продолжува да живее за преостанатите свои сакани за кои би го дала животот. Џемиле за публиката претставува хероина, цврста жена која животот неможе да ја уништи и покрај тоа што и крои сурова судбина.“- вели Ајча.
„Во третата сезона моравме да се разделиме со двајца навистина блиски колеги..всушност тројца. Тука е и малиот Емир, без кои искрено снимањата не беа толку интересни..Иако рејтингот од емитувањата на првата епизода од новата сезона беше по малку и опаднат, сепак не се обесхрабривме. Понатамошните случувања се оние кои ќе донесат и нови гледачи..“- храбро додава Ајча.
„Во третата сезона морав да ја скратам и косата, што всушност ми беше и најтешкиот дел..Но сепак, во корист на серијата и гледачите, косата ми беше скратена според плановите на режисерите со кои би изгледала постаро и изнемоштено..За разлика од првите две сезони, шминкањата и облекувањето за третата сезона треаше подолго, навистина долго. Додека сите додатоци на актерите да бидат на своето место, требаше многу време. Сепак, мислам дека успеавме да се носиме со тоа“- за крај додала Ајча, која сега е дел од новиот проект на Ќемал Артеј, во кој ја има главната женска улога.


Posted by: Ninaa ^_^

No comments:

Post a Comment