Инаку, според замислата на починатата режисерка Мерал Окај беше најавено дека серијата ќе има четири сезони, што значи дека оваа сезона е и последна. Кој ќе победи, а кој изгуби ќе се дознае во оваа сезона. Од тимот на серијата произлегуваат податоци дека во оваа сезона ќе бидат вложени најмногу пари, како краен завршеток на приказната за Сулејман Величествениот. Според некои неофицијални податоци, во крајот ќе била опишана и смртта на Сулејман, и како средниот син на Хурем Султан застанува на престолот. Колку веродостојни се овие информации не е познато, бидејќи истите не се официјално потврдени.
Според одредени турски магазини пак, Мерием Узерли, главната актерка која го толкува ликот на султанката Хурем, имала многубројни понуди за серии, а таа веќе се одлучила за една. Според напишаното, Мерием ќе биде дел од најновиот проект на Ay Yapim, и во него ќе ја има главната женска улога. Серијата ќе се одвива во 70 години на минатиот век, а во неа главната женска актерка,Лејла од сиромашна девојка од село станува вистинска госпоѓа маѓепсувајќи го младиот газда во фабриката во која работи. На тој начин, младата девојка влегува во богатото семејство, иако сите од него ја мразат. Таа води секојдневни битки со нив, и на крај ги победува.
Posted by:
No comments:
Post a Comment