Monday, May 27, 2013

Туба Бојкустун бремена по втор пат!



Туба Бојкустун, една од најпознатите турски актери и модели е бремена по втор пат. На својот твитер профил актерката радоста ја сподели со своите обожаватели, додавајќи:“Толку сум среќна што моите две близначиња ќе имаат братче или сестриче.“ По овој твит, следуваа голем број честитки, а не изостана и фотографијата на која Туба е на преглед кај својот лекар.



Актерката повеќепати беше забележана во посета на приватни болници, а како што кажуваа изворите од истите, актерката честопати имала вртоглавици по што морала да побара медицинска помош. 


Иако, според планот на актерката,  требаше да биде придружничка на Бејаз во неговото “Бејаз шоу“ (кое претставува најгледаното естрадно шоу во Турција поради присуството на истакнати и познати актери и пејачи) изгледа сонот да биде позната и како водителка нема да и се оствари во наредните месеци.



Инаку, откако актерката го заврши снимањето на кратката крими серија “20 dakika" (20 денови) , таа прифати дури 3 нови улоги во серии на познати режисери.
Една од нив е улогата на главен женски лик во “Челичната дама“ на Мурат Талашоглу, во кој партнер ќе и биде Кенан Имирзаоглу, нам познат како Езел.
Дејстовто на серијата според плановите на режисерот ќе се одвиваат во 70 години на минатиот век. На сите три проекти актерката најави дека ќе работи по порадувањето.


Posted by:








No comments:

Post a Comment