Tuesday, June 18, 2013

ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА ПОРАДИ КОЈА МЕРЈЕМ ГО НАПУШТИ “ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ„


Според информациите кои досега ги објавуваа турските медиуми, Мерјем Узерли го напуши “Величествениот“ затоа што доживеала нервен слом, но вистината е сосема поинаква. Популарната актерка е бремена од својот вереник Кан Атешо и поради одржувањето на својата бременост таа не е во можност да ги издржи макотрпните снимиња на серијата.

Серијата и понатаму поставува рекорди на гледаност во сите земји во кои е емитувана,но продуцентите живеат во страв затоа што на спроведената анкета поголемиот број на испитаните граѓани се изјасниле дека нема да ја следат серијата без Мерјем Узерли. Актерите кои толкуваат улоги во серијата за големиот освојувач и се лути на поранешната колешка што ги оставила на цедило. Мерјем моментално располага со богатство од 2.5 милиони долари кои што ги заработила од серијата и од бројните реклами.


А за тоа дека актерката навистина си заминува од сетот на “Величествениот“ сведочи објавениот трајлер на официјалниот веб сајт на серијата. Кликнете тука за да ја погледнете најавата.

Фановите сеуште веруваат дека вистинската Хурем ќе се појави во новата сезона. Во најавата не се откива ликот на Хурем, па во Турција со нетрпение се очекува финалето на третата сезона, можеби токму Мерием Узерли повторно стои зад Хурем.


No comments:

Post a Comment