Tuesday, June 18, 2013

ЛАЛИ ЕСПОСИТО ВО НОВ ПРОЕКТ НА КРИС МОРЕНА ?


Неа тинејџерите во целиот свет ја запознаа со улогата на Маријанела во серијата „Casi Angeles"  , но и многу други серии од Крис Морена груп. Познато беше дека секоја досегашна улога на Лали беше во серии на Крис Морена, се до минатата година, кога ја прифати улогата во серијата “Solamente Vos" на Адријан Гонзалес.



Во проектот на Гонзалес, Лали ја толкува улогата на Даниела, бунтовна средношколка која има сериозни несогласувања со своите блиски. Како сестра на Даниела во серијата се појавува Еугениеа Суарез, или Џулиета, но познато е дека таа пред неколку денови го напушти сетот на серијата поради тоа што и останува уште мал период до породувањето.



Лали и Еуге честопати изјавуваа дека се пресреќни што повторно работат на ист проект и што повторно му се посветуваат на заедничкото пријателство. Но, особено внимание привлече неодамнешната изјава на Лали во која таа изјави дека наскоро и се враќа на старата и верна учителка. Дали младата актерка зборуваше за Крис Морена ? Познато е дека Лали глуми во серии на Крис уште од своите 9 години, и чесопати беше изјавувала дека Крис е заслужна за нејзината слава и кариера. “Таа е мојата учителка. Таа ме научи како да се однесувам пред камерите..таа е заслужна за се што имам.“ - се речениците кои Лали честопати знаеше да ги каже. За новинарите да си најдат тема на пишување, беше и изјавата на наводно блискиот извор на Крис, кој зборува дека Крис моментално твори нов тинејџерски хит со актери со кои досега соработувала.

No comments:

Post a Comment