Кога станува збор за новите улоги на Мерием Узерли во другите серии, постои законски проблем. „Во договорот на Мерием стои дека таа е обврзана до март следната година, а за раскинување на истиот треба да плати оштета од еден милион американски долари“, пишуваат истанбулските весници. Без таа сума Узерли нема да може да смета на улоги во други серии. Новата Хурем за оваа серија досега сними една епизода и тоа последната епизода од третата сезона. Со појавувањето на новата Хурем оваа серија предизвика негодување кај големиот број фанови, да се надеваме дека тоа ќе биде единствената епизода што оваа Хурем ја сними за „Величествениот“.
No comments:
Post a Comment