Friday, June 21, 2013

Што се случува со Хурем?!

Според турските медиуми Хурем во моментот се наоѓа на лекување во Берлин, од каде што порача дека состојбата и е подобрена.

Продуцентите на серијата се бесни на неа поради испадот што таа го имаше на доделувањето на актерските награди во Истанбул.
Целиот проблем настана кога Мерјем Узерли, позната по улогата на султанката во Сулејман Вечичествениот, излезе на сцената на доделувањето на труските Еми награди како најдобра турска актерка. Хурем тогаш ја критикуваше серијата, а според турските новинари, продуцентите за целото време очајно се фаќале за главата негодувајќи затоа што токму нивната Хурем зборува против нив.
По ова Хурем ја напушти Турција и замина во Берлин, а наскоро по ова се дозна дека заминала на лечење од депресија. Според турските медиуми, првите знаци дека е во депресија можеле да се забележат и во нејзиниот изглед, кога таа за многу кратко време изгуби многу килограми, што од друга страна сите го сфатија како нејзина голема предност.
Инаку, Хурем поради ненајдејното напуштање на снимањето ќе треба да плати казна во износ од 800.000 евра. Покрај ова таа во следните пет години нема да смее да глуми во ниту една друга серија направена од страна на било која друга конкурентска куќа во Турција.

Нова Хурем 


Кога продуцентите сфатија дека отсуството на Хурем може многу да му наштети на проектот, тие почнаа да го молат нејзиниот татко Хусен таа да се врти во Турција, а кога тој ги одби, бесни на неа и најдоа замена.
Според турските медиуми, Хурем сега ќе треба да ја гуми популарната турска актерка Вахиде Гордум која веќе потпишала договор со режисерот на серијата.


No comments:

Post a Comment