Friday, June 14, 2013

СЕЛЕНА ГОМЕЗ ДОБИ СЕСТРА!


За Селена Гомез денес е еден од најсреќните денови во нејзиниот живот , бидејќи нејзината мајка Менди Тифи се породи и на свет донесе здраво девојченце!


Сите таблоиди одамна пишуваа дека мајката на Селена очекува бебе, но не се знаеше дали е во прашање момче или девојче. Како што пренесува Mail Online, Менди која се разведе од таткото на Селена додека таа била мала и повторно стапи во брак во 2006, за време на породувањето била опкружена со своето семејство. Додека сите чекаат Селена да се огласи, нејзината мајка ги потврди гласините напишувајќи на твитер:“Стигна мојата девојка <3 ". Секако, меѓу првите честитки упатени на Селена беа честитките на Деми Ловато, која напиша:“ Селена Гомез стана голема сестра! Ти честитам Селена.“



No comments:

Post a Comment