Tuesday, May 21, 2013

Ексклузивно: Сармашик Вдовица

Почина сопругот на Сармашик во реален живот!




Според пишувањата на турските магазини, вчера вечер починал сопругот на Шахнез Чакилап, актерката позната по улогата на Сармашик во серијата Аси.

 Иако според сите пишувања Шахнез честопати беше критикувана и опишувана како користољубива личност која е алчна за пари, сепак според тврдењата на најблиските актерката чуствува длабока тага.
Откако Шахнез заврши со снимањето на серијата Аси, таа не прифати ниту еден од понудените проекти, иако дел од нив беа дело на познати режисери. Според нејзините изјави, актерката сакала да си се посвети самата себеси. Но, само по два месеци, турската јавност беше изненадена кога во магазините излегоа венчалните фотографии на актерката и нејзиниот постар (60 годишен) сопруг.

Ахмет Ертикли, или сопругот на Шахнез е богат бизнисмен, сопственик на ланец уневерзитети во Турција и Европа. Токму поради тоа, актерката беше опишувана како користољубива личност, односно, според изворите, дека истата стапила во брак само поради богатството кое го поседува нејзиниот сопруг. Иако Шахнез објавуваше деманти во повеќе магазини и поднесе тужби против познати турски магазини, сепак и остана епитетот на алчна жена.
Во магазините во кој се пишуваше за смртта на познатиот бизнисмен не изостана и темата околу поделбата на богатството. Според пишаното, дури 90 % од наследството и останува на Шахнез, а останатите 10 % им преостануваат на браќата на починатиот, кои наводно не се задоволни од поделбата и ја потврдуваат објавата на многуте магазини дека Шахнез стапила во брак со нивниот брат само поради корист.


Еден од магазините пишува:“ Сега Шахнез Чакалап е богата и млада вдовица. Кажаното од наша страна сигурно ќе се потврди. Според неофицијалните извори, актерката ќе застане на чело на сите универзитети како нивен главен управител. Веќе нема потреба да биде актерка за да биде богата. Честитки, иако на оние на кои навистина им е тешко им изразуваме длабока сочуст, сепак неможеме да сочуствуваме и со Шахнез, таа сега сигурно лета од среќа.

Од семејството на Шахнез најавија тужба против истиот магазин.



Posted by: Ninaa ^_^

No comments:

Post a Comment